Ако градоначалниците не можат, тогаш Владата ќе ги руши дивоградбите во Охрид и Струга

Дивоградбите во Охрид и Струга мора да се урнат и отстранат, не само поради проблемот со УНЕСКО, туку поради почитувањето и примената на законите и владеењето на правото. Доколку градоначалниците не почат да постапуваат, премиерот Зоран Заев најави дека, Владата ќе им ги одземе ингеренциите и ќе почне со средување на заштитениот појас.

Премиерот лично му се обрати и на советникот од редовите на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини, да почне со отстгранување на дивоградбата кај чинарот, пицеријата „Луна“ која свечено му ја отвори струѓкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Телма се обиде да стапи во контакт со советникот, бизнисмен, градежник и сопствфебник на дивоградба Нефи Усеини, но тој упорно ги одбиваше повиците на неговиот мобилен телефон.

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ го обвини охридскиот градоначалник дека не постапува по закон и не ги руши дивоградбите поради партиски и бизнис интереси.

Од Општина Охрид пак соопштија дека ја оценуваат како позитива изјавата на премиерот дека може дас им ги одземе ингеренциите.

„Општина Охрид ја оценува како позитивна изјавата на Премиерот Зоран Заев, дека постои можност Централната власт да ги преземе ингеренциите за рушење на дивоизградените објекти во Охрид. Ние како локална самоуправа очекуваме дека заеднички со Владата ќе работиме на исполнување на сите препораки на УНЕСКО и остварување на позитивни резултати во целокупниот процес.“

Оттаму додаваат дека ќе почнат со уривањето на дивоградбите откако ќе ја изберат фирмата на распишаниот тендер и најавија дека ако го утврдат судирот на интереси кај фирмата на советникот Усеини, нешто што е очигледно за целата јавност, ќе  постапат „согласно законските процедури“.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ