Антикорупциска побара кривична одговорност за Рамиз Мерко

Струшкиот градоначалник треба да одговара кривично поради лошото менаџирање на средствата доделени од државата и нетранспарентно рошоње, заклучија Антикорупционерирте. Тие ќе бараат и од судскиот совет да ја преиспита работата на струшкиот суд и судија клои донеле одлуки за кои Антикорупциска се сомнева дека се изнудени под политуички притисок. Државната изборна комисија пак повикувајќи се на итност буквално доделила тендер на печатницата „Киро Дандаро“ за гласачкиот материјал во 2016 година.

Набавката на луксузното ауди е иницијалната каписла за антикорупционерите да отворат постапка за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, но е речиси безначајна ставка и проблем со оглед на она што го откриле испитувајќи го неговото работење. Повикувајќи се на ревизорските извешати утврдени се огромен број на финансиси пропусти, нелогичности и нетранспарентно трошење на парите дадени од државата со оглед на фактот што веќе девет години општината има блокирана сметка.

Освен одговорност за Мерко, ќе се бара од Судскиот совет да ја преиспиута работата на струшкиот суд поради одлуки кои се косат една со друга а за кои се соменваат дека се донесени под политички притисок.

Атикорупционерите разгледуваа и преставка околу работењето на ДИК односно изборот на печатница за печатење на гласачкиот материјал вза предвремените избори во 2016 година. Утврдено дека дека од ДИК, повикувајќи се на итност на постапката не распишале тендер туку постапка на преговарање а повикани биле претсавниците на Крио Дандаро и Европа 92. Проблемот е што сопственикот на Европа, Ратко Димитриевски, фигурира и во битолската печатница со што речиси и невозможно било таа да не го добие тендерот.

Антикорупционерите разгледуваа и преставка против советник во Општина Центар за судирт на интереси бидејќи во општината со превземање бил вработен нејзиниот син а таа не го пријавила тоа ниту пак се изземала при гласањето. Станува збор за советникот Биљана Чурилова а од Антикорупцска побараа таа да биде прекршочно гонета односно да плати казна со оглед дека нема други законски можности и решенија.

Постапка е отворена и за советникот на премиерот Заев; Љубомир Зафировски, чиј хоморар се префрла на сметка во странство иако тој има три сметки во домашни банки. Од Антикорупцикса најавија дека ќе побараат мислење од министерството за финасии околу законитоста, односно дали тој има двојно државјанство.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ