АКМИС-от бил злоупотребуван потврди Комисијата

Извештајот за АКМИС системот во Кривичен, Апелација и Врховен е напишани на 6 страници а завршува со 6 потписи од комисијата што го изготвувала. Два потписи недостасуваат -еден на судијата Зоран Димитриевски од скопска апелација и вториот е на информатичарот Петре Мркев.

Судијата Димитиревски за Телма изјави дека тој се согласува со содржината на извештајот, но потврдува и дека не го потпишал, затоа што побарал корекција која не била извршена.

„Во заклучоците стои дека судовите не ги применуваат законските одредби и акмисот не се користи согласно неговата намена. Јас барав да се потенцира дека ова се однесува на дел од судовите бидјеки за скопскиот апелационен суд беше констатирано дека акмисот редовно се користи“, изјави Димитриевски.

Во извештајот кој од вчера е јавен, најмногу забелешки има за Криивчниот суд. Стои дека во 2016 и 2017 често бил менуван годишниот распоред без да се запази процедурата, 860 предмети не се доделени на судија, се исклучувале судии од автоматската распределба  само со параф на претседателот и со телефонско јавување во судската писарница. Екс в.д претседатлеот на Кривичен Стојанче Рибарев преку известување потврдил дека во Кривичен имало рачна распределба на одредени предмети и го употребил терминот „двоен АКМИС“.

„При заведување на предметите што биле во надлежност на судиите на претходна постапка и на кривичен совет во одделите кривично полнолетни и организиран криминал не се користел АКМИС системот, не биле подесени параметрите за автоматска распределба на предметите во уписниците за одделни предмети, а распределбата на предметите се вршела рачно, за која претседаталот Рибарев ја нарекол „двоен АКМИС“, се вели во извештајот.

Ваквиот извештај според екс претседателот на Кривичен, Владимир Панчевски бил признание на Рибарев дека самиот местел предмети. Во извештајот нема аргументи со кои се докажуваат констатираните повреди коментира Панчевски.

„Нема основ по кој што министерството за правда интервенирало во судската власт. Извештајот го потпишуваат информатичари и некакви советници од министерство за правда кои немаат допирна дочка со работењето на судовите. Право на претседателот е да го утврдува годишниот распоред на судот и ниедна измислена комисја не може да го дерогира тоа законско овластување“, вели Панчевски.

Панчевски до сега не бил повикан во обвинителството за предистражната постапка за акмисот. Од скопското обвинителство велат дека сослушуваат сведоци но и дека со урегнции барале податоци од Судскиот совет, од претседателот на Кривичниот суд и од СЈО кои се уште не ги добиле.  И Обивнителството на Јанева во октомври минатата година отвори предистражна постапка поврзана со акмисот и правеше претрес во домот на Панечевски.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ