
Ахмети: За евентуално оложување на изборите потребен е консензус
За евентуално оложување на изборите потребен е консензус, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица.
Ахмети утре ќе има средба со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, после која ќе го каже својот став за предложените министри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, но и за предлогот на СДСМ за техничкиот премиер.