Ахмети преку социјалните мрежи ја афирмираше идејата за Албанец премиер

Денеска, како никогаш порано, Албанците во Македонија се на високи државни функции, како претседател на Врховен суд, министер за одбрана, претседател на Собрание. Сепак, ова не е доволно, рече лидерот на ДУИ во видеообраќање

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, во денешното видео-обраќање за промоција на идејата за прв премиер Албанец во Северна Македонија, не спомна имиња на можни кандидати на партијата за оваа позиција.

„Време е за првиот премиер Албанец во Северна Македонија!Некои можат да ја наречат оваа идеја неостварлива. Некои можат и да се потсмеваат на нашата доверба во остварување на сонот на многу Албанци. Сепак, и тоа е добро. Кога некој ти го одрекува сонот, те поттикнува да работиш уште повеќе за да го оствариш“, рече Ахмети.

„Денеска, како никогаш порано, Албанците во Северна Македонија предводат високи државниинституции, како претседател на Врховен суд, министер за одбрана, претседател на Собрание. Сепак, ова не е доволно. Време е сонот да продолжи. Северна Македонија е наша земја. Земја за која сме се бореле. Ние имаме прво на нејзината историја, наследство и економија и во иднина. Сега е време за целосна рамноправност и за преземање одговорност за раководење“, рече Ахмети.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ