
Ахмети порача Заев и Беџети сами да си ги решат недоразбирањата
Заедно на прославата од годишнината на Рамковниот договор но без да се поздрават или да разговараат. Премиерот Заев на едниот крај, градоначалникот на Сарај Беџети на другиот крај од првиот ред во Клубот на пратениците. Дел од обвинувањата за притисоци и ургенции упатени на сметка на премиерот останаа без одговор.
Дали Беџети го брифирал лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за деталите од судирот со премиерот не е познато, но Ахмети со прецизен став дека тоа се прашања кои ќе ги разјасанат Заев и Беџети, не станува збор за непремостливи недоразборањата и убеден е дека ќе ги надминат.
Денеска повторно се огласи скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, кој нагласи дека нема нарушени лични односи со Беџети треба да продолжи институционалната сорабоптка во интерес на житѕелиоте на Сарај, и смета дека е е притисок тоа што бара урбаното дивењње на матка да запре.
Премиерот Заев пак, вчера се огласи преку социјалната мрежа „Фејсбук“ и потврди дека со Беџети разговарал околу евентуалната смена на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и наводите дека тој има заштита внтре во судскиот совет но додаде и дека имаат разговарано и за многу други прашња како евроинтергациите и законот за јавно обвинителство.
Градоначалникот на Сарај вчера упати сериозни обвинувања на сметка на премиерот, тврдејќи дека барал поништување на легализирана дивоградба на Матка и влијание врз членови на судскиот совет при гласањето за смена на Вангеловски.
Зошто за ова не пријавил во надлежните државни институции, градоначалникот беџети не даде конкретен одговор.
Огнен Чанчаревиќ