
Ахмети: Малку генерации имаат можност да донесат вакви храбри и важни одлуки
Дел од обраќањето на Али Ахмети, претседател на ДУИ, пред референдумот в недела:
На крајот на кампањата за референдумот која е започната пред скоро три децении со нашата определба за интеграција во НАТО и Европска Унија, дозволете ми, да Ви се обратам повторно во врска со важноста на вашиот глас на 30 септември.
30 септември не сплотува, Албанци и Македонци, Турци и Роми, Власи и Срби, заедно со сите други за реализација на нашиот заеднички сон за Евроатланска Македонија!
Нашиот глас на 30 септември е глас на секој од нас за мир, одржлива безбедност и стабилност, добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за постабилен регион, за владеење на правото и правна држава, економски развој, поголеми домашни и странски инвестиции, за општествена благосостојба!
Малку генерации имаат можност да донесат вакви храбри и важни одлуки за тие што ќе се родат после нас, и ние имаме историска одговорност на 30 септември да го направиме потребниот чекор и да гласаме „ЗА„ интеграција во Северноатланската Алијанса и Европската Унија!