Ахмети: Македонија има поважни прашања од предвремени парламентарни избори

Денешниот ден е важен за сите граѓани, за институциите и за демократијата. Денеска демонстриравме демократија, процес за интеграција во НАТО.

Овој процес значи реформи, затворање на прашањето со Грција, економски прогрес. Денес кажуваме дека Собранието треба да ја донесе одлуката за овој процес. И ние ќе гласаме за таа одлука. На изброите во 2016 –та година кажавме дека сме за НАТО и ЕУ, и тоа го кажаа сите политички партии, затоа што друга алтернатива нема.

Референдумот беше само консултативен, Македонија има многу поважни прашања отколку предвремени парламентарни избори.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ