
Ахмети: ДУИ е за целосно почитување на законот за СЈО
Секој кој го прекршил законот треба да одговара, ДУИ е за целосно почитување на законите, сега сме пред важни моменти, пред зачлечнуавње во НАТО и пристапни преговори со Европската Унија и треба да бидеме бидеме внимателни сите случаи да се разрешуваат согласно законот и уставот, рече лидерот на ДУИ Али Ахемти по завршувањето на централнот претседателство во партиското седиште во Мала Речица. Тој додаде дека ДУИ е за целосно почитување на законот за СЈО
„ДУИ има цврст став дека треба да се почитува Законот за специјално обвинителство и да се постапува во согласност со Законот за обвинителството, договорен меѓу сите, актеритe во првите настани од пред три – четири години што се случија во земјата и ние бараме овој Закон да се почитува. Секое отстапување од овој Закон има последици по земјата и правниот систем на нашата република. Мислам дека овој развој нема да има влијание и последици врз добивањето датум за преговорите со ЕУ“, рече Ахмети.
Лидерот на ДУИ Ахмети ги даде овие коментари по кратката седница на партиското претседателство, на која дискутираа за актуелната политичка состојба во земјата и внатрепартиска реоргaнизација во пресрет на одржувањето на конгресот на партијата, каде треба да се одлучи како ДУИ ќе делува во наредните две децени.
Зоран Димовски