Агим Красниќи и неговиот другар Сехат Рамадани бегалци од штипскиот затвор

Агим Красниќи, но и неговиот другар Сехат Рамадани од вчера се и официјално бегалци, откако по викенд отсуството  во понеделникот не се јавиле во затворот во Штип. Красниќи и Рамадани се дел од познатата кондовска група и двајцата се осудени по 15 години затвор. Досега во штипскиот затвор отслужиле вкупно 12 години, а веќе речиси три  години редовно добивале викенд остуство и годишен одмор.

Полицијата веќе трага по Красиниќи и Рамадани, кои на јавноста и се познати по повеќе извршени кривични дела, злосторничко здружување, кидинапирање и рекет. Красниќи во овој затвор стапна и на лудиот камен, се венчаше со 10 години помлада девојка од него од Косово.

Лани во македонските затвори од домашен притвор не се јавија и Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешковски и Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, а на јавноста познат по случајот Детонатор.          

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ