
Агенцијата за земјоделство со оглас за грантови во висина од 3000 евра за жени земјоделки
Во нашата земја се регистрирани 170 илјади земјоделци , а од нив само 20% се жени-носители на земјоделски стопанства.
Со цел, зајакнување на позицијата на жената во семејното земјоделско стопанство и создавање поголема додадена вредност во земјоделското производство, Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, отвори оглас на кој жените –земјоделки, до 26 декември, може да се пријават за грант неповратни средства, во висина од 3000 евра.