
Агенцијата за медиуми покрена прекршочни постапки за 1ТВ и ТВ Сонце
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги констатираше дека по јавното укажување од 14 септември, два радиодифузери од оние кои се предмет на надзор за начинот на покривање на референдумот не го усогласија емитувањето на платената јавна пропаганда со Упатството за медиумско претставување за време на референдум.
„1ТВ не го почитуваше дозволеното време за емитување на рекламните пораки „ЗА“ референдумот, а ТВ Сонце рекламните пораки за „БОЈКОТ“ на референдумот, спротивно на правилата, ги емитуваше во повеќе изданија на посебни информативни програми, соопштија од Агенцијата.
Против двата радиодифузера, Агенцијата ќе покрене прекршочни постапки за прекршувањата констатирани во периодот од 15 до 20 септември 2018 година.