Агенцијата за храна бара објаснување од косовските власти за забраната на увоз на компир и мед

Косовските власти ќе мора да дадат објаснување врз основа на кои стандарди воведоа забрана за увоз на компир и мед од земјава, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.

За првиот човек на најголемата Комора во земјава, Бранко Азески, станува збор за популистичка мерка од Влада која е во заминување.

„Воведување реципрочна мерка од косовската страна за забрана за увоз на одредени производи (компири и мед), во услови кога Македонија упатува на почитување европски правила и прописи, упатува дека станува збор за популистичка одлука донесена како резултат на инатење и попречување на добрите економски односи без основа,“ вели Бранко Азески –  претседател на „Стопанска Комора на Македонија“.

Во петокот, косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрит Шаља наложи забрана на увоз на компири и мед од Македонија како одговор на забраната што Скопје ја воведе за увоз на риба за икри од Косово.

Забраната, како што изјави Шаља за порталот „Газета експрес“, ќе остане во сила се додека органите во Северна Македонија не ја преразгледаат одлуката за увозот на риба за порибување.

Македонија забрани увоз риба и икра со објаснување дека Косово нема мониторинг на овие производи според европските правила.

Утре  Атанасов и Крешник Бектеши треба да заминат во Приштина да ги разубедат тамошните власти власти да ја тргнат забраната за увоз на македонски компири и мед.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ