Аерозагадувањето предизвикува рак

Аерозагадувањето предизвикува рак, предупредуваат докторите. Тие внимаваат на секојдневните статистики од мерните станици – а, бројките не навестуваат дека ситуацијата ќе биде подобра од лани.

Претпладнево отровните честички во Скопје достигнаа до 60 микрограми, а во Битола и Тетово повеќе од сто.

Според ланскиот просек, четири градови од земјава се вброени во неславната категорија на едни од десетте со најзагаден воздух во Европа.

Дишењето загаден воздух на здравјето се одразува како и пушењето, објаснуваат пулмолозите.

„Кај ваквите пациенти. ПМ честичките коишто се помали од еден микрометар, тоа се оние најситни, најфини честички се депонираат најдлабокот. Тоа значи во најмалите дишни патишта, можеби и во алвеолите и за нив постојат научни студии коишто покажуваат дека тие можат да бидат еден, само еден од факторите за настанување на карцином“ – тврди пулмологот Дејан Докиќ.

Хронично болните пациенти се најпогодени од аерозагадувањето бидејќи кај нив состојбата веднаш се влошува. Тие ќе добијат и маски од лекарите.

„Кај пациентите што имаат астма, кај нив може да дојде до акутно влошување. Но, и за некои други болести коишто имаат хроничен тек. Кај таквите пациенти се препорачува носење на маски доколку треба да излезат, во услови кога аерозагадувањето е во поголеми концентрации“ – вели Дукиќ

Ракот на белите дробови не е резултат само на еден причинител. Некогаш и генетските предиспозиции се дополнителен фактор.

Но, аерозагадувањето им отвори повеќе работа на лекарите. Порано од рак на белите дробови почесто заболувале мажите, а сега во болница се почесто се дијагностицира и кај жените.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ