
Адвокатската комора избира претседател
Адвокатската комора на 63то годишно собрание, што се одржува во Струга ќе избира нов Управен одбор и претседател. Изборот ќе се врши во работниот дел од собранието, што ќе се одржи попладнево зад затворени врати. Официјално се уште не се утврдени кандидатите за наследник на Никола Додевски на претседателската функција, кој нема да се кандидира за нов мандат, со образложение дека доволно придонел за фелата во изминатите три мандати колку што беше на чело на адвокатската комора.
Како можни кандидати во јавноста се спомнуваа имињата на познатите адвокати Ѕвонко Давидовиќ, Димитар Панчевски, Љубомир Михајловски Џанго, Наташа Трпеновска Тренчевска и други. Но не е исклучено да бидат предложени и други имиња, а ќе се гласа само за кандидатите кои ќе го добијат потребното мнозинство од присутните делегати. Се уште актуелниот претсетаел на ккмората Додевски кој на пошироката јавност и стана познат и како бранител на експремиерот Груевски во случаите на СЈО до минатата година, очекува новиот УО и претседател да продолжат по патот кој го трасирал сегашното раководство и да се залагаат за враќање на достоинството на професијата.
Адвакатската комора освен што избира ново раководство, одбележува и 73 години од постоењето.
Горан Момироски