Адвокатите во 27- ми април побара- судот ги одби да се изземат тројца судии на јавната седница во апелација

Апелациските судии Јани Нича, Тања Дуковска и Енвер Беџети ќе одлучуваат по жалбите з предметот 27- ми април.

Судечкиот совет составен од истите судии по еден час одлучување соопшти дека го одбива предлогот на дел од адвокатите, кои што тврдеа дека овие судии претходно делеле правда во одлуки за продолжување на притвор и понудени гаранции со што оформиле мислење за предметот и обвинетите.

Мина една години и скоро три месеци откако судијката Добрила Кацарска на 15 обвинети за насилствата во собранието ги осуди на 211 години затвор. Најмногу години затвор односно 19 му припаднаа на ексдиректорот на УБК, Митко Чавков, на што тој и останатите осудени напишаа жалби и чекаа до денеска второстепниот – апелационен суд да закаже јавна седница и да ги ислуша.

Во сите жалби, особено кај пораншените полициски началници стои дека обвинетите не го сториле кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Но, за да може да одлучи апелација дали се согласува или со пресудата на кривичниот суд денеска отпочна да ја чита јавно пресудата, а утре ќе ги слуша аргументите во жалбите.

Но, пуксо не остана и јавното обвинителство кое поднесе жалба против одлуката на кривичен да го прогласи за невин оперскиот пеач Игор Дурловски, дел од водачите на тогашните протести под името „За заедничка Македонија“. Кацарска и судиите во кривичен осудија 15 луѓе, го ослободија Дурловски, а 16 обвинети ги опфати со законот амнестијата за помирување.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ