Адвокатите со „тивки“ критики за изборот на Михајловски-Џанго

На социјалните мрежи реагираа бурно дека Собранието на адвокатската комора не било демократско и ги оштетило. Поголем дел од незадоволните не сакаа јавно да говорат за како што обвинуваат, лошо преброените гласови, кога со кревање рака гласале за кандидати за Управен одбор.

Собранието заврши со избор на Љубомир Михајловски-Џанго, поранешен министер за внатрешни работи, за нов претседател на адвокатската комора. Адвокатот Звонко Давидовиќ чие име се спомнуваше како кандидат не бил во Струга, но слушнал дека имало проблеми. Според него изборот на Михајловски треба да биде последен избор на кандидат без програма и дека во иднина сите адвокати треба да го бираат првиот човек на Комората, а не само избрани делегати како што беше сега со изборот на Михајловски.

Адвокатската комора денеска беше затворена, стручната служба се враќаше од собранието во Струга. Кратко ги негираат обвинувањата дека изборот на Михајловски не бил транспарентен затоа што тој добил и најмногу 180 од вкупно 219 гласови, а сите кои сакале можеле да го следат пребројувањето на гласовите.

Од комората велат дека за првпат имало случај и преку јавни настапи да се истакнат кандидатури иако законски адвокатите не смеат да се рекламираат. Михајловски вети дека ќе се грижи за адвокатурата и дека адвокатите не треба да се изедначуваат со клиентите кои ги застапуваат. Новиот Управен одбор има 17 члена, а меѓу нив е и Ване Андреев, адвокат на премиерот. Заев изјави дека му кажал на Андреев да не планира да стане претседател на комората затоа што веднаш ќе му го откаже полномоштвото.

До завчера пак претседател на Комората беше Никола Додевски, кој го застапуваше екс премиерот Груевски во сите истраги на СЈО, пред да се повлече од неговиот адвокатски тим.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ