
Адвокатите со поддршка на нивните колеги од Рекет, исказот на Кичеец мора да се даде
Адвокатите и обвинителството имаат различно гледање на тоа дали исказот на зоран милевски Кичеец е доказ кој морал ода го добијат бранителите. Дел од останатите адвокати кои не се вклучени во рекет се ставија на страната како што велат на нивните колеги кои се бранители на осомничените. Но велат се ставаат и на страната на законот за кривична постапка кој според нив обвинителството не го почитува.
- Во врска со изјавите на одбраната дека немале увид во искази на други осомничени, обвинителството укажува дека исказите на осомничените не се дел од доказниот материјал и од таа причина не се презентирани при увидот, велат од Јавно обвинителство на РСМ.
Исказ на обвинет е под точка еден во доказни сретсва во законот за кривична постапка, му одговараат адвокатите на обвинителството.
Инаку адвокатите на Катица Јанева и боки 13 беа револтирани што обвинителката Вилма Русковсска им даде увид во сите докази освен во сведочењето на второобвинетиот Зоран Милевски Кичеец. Од друга страна адвокатот на Кичеец вели дека тој до сега не ги побарал сведочењата на другите двајца осомничени.
Од утре продолжува увидот во останатите докази кои го прави одбраната на осомничените јанева и боки 13 по што тие ке треба да дадат искази. Тие се уште се во притвор а неделава ќе се знае одлуката на апелациониот суд по нивните жалби откако кривичен им ја продолжи оваа мерка. За раззлика од нив Кичеец е во домашен притвор, откако истрагата за него заврши и обвинителството даде позитивно мислење тој да излезе од Шутка.
Билјана Николовска