Адвокатите се жалат на пречести рочишта

Адвокатот Боро Тасевски кој е бранител во повеќе предмети на СЈО доби 1.000 евра казна од судијата Огнен Ставрев бидејќи не дојде на судењето за „ТНТ“ за Космос. Тасевски денеска беше во соседниот суд каде ја бранеше ексминистерката Гордана Јанкуловска. Судијата Ставрев рече дека казната е за навреда на судот и прокоментира дека сите успеале денеска да дојдат на судењето освен  адвокатот кој му е единствен бранител на ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски за разлика од Јанкуловска која има и друг адвокат во судница. Тасевски ќе се жали за паричната казна и смета дека судиите не треба толку често да ги закажуваат судењата.

Тасевски и изјавата и во судница се пожали дека утре има три рочишта по предмети од СЈО од кои две се со експремиерот Груевски, но судијката Кацарска му рече дека не го одлага утрешното судењето за „Тенк“ бидјеки е закажано од пред два месеца, повикани се сведоци и порача дека доволно е еден адвокат за одбраната.

Судењето за „Космос“ каде обвинет е и Груевски денеска се одложи и ќе продолжи на 10 септември. „Тенк“ за Јанкуловска започна со честитка од судијката за бебето на Јанкуловска и со ветување дека ќе и бидат почитувани сите законските права како мајка. Одбраната бараше и одлагање поради тоа што предметот бил во апелација, каде во наредните денови ќе се одлучува по жалбата на Груевски за двегодишната затворска казна, но судијката рече дека списите од предметот ги ископирала. Адвокатите ги повторија приговорите за 8-те бомби и вештачењата.

Во воведниот збор СЈО  најави дека ке докаже дека Јанкуловска ја злоупотребила службената положба за да ги исполни личните желби на Груевски за набавка на блиндиран  мерцедес. Ексминистерката одговори дека ќе докаже дека не исполннувала ничии желби, туку дека набавката е извршена законски и без фаворизирање. За време на судењето саат и половина беше дадена пауза за да може Јанкуловска да отиде дома кај своето бебе.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ