Адвокатите на Јанева вршат увид во доказите

Адвокатите на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева од утрово вршат увид на доказите од посебните истражни мерки прибрани во истрагата за случајот Рекет.

Во овие мерки спаѓаат и следење на осомничените и инволвираните во случајот.

Увид во доказите од ПИ мерките најавил и адвокатот на Зоран Милески, но досега се уште не побарал официјално.

Минатиот понеделник, обвинителството соопшти дека истрагата за „Рекет“ е завршена, по севкупна анализа на прибраните материјални и вербални докази. Оттогаш тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица, по што одбраната може да предлага докази во нивна корист.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ