Адвокатите бараат на организаторите на 27 април да им се суди во Хаг

Во Kривичниот суд денеска требаше да се одржи рочиште зад затворени врати за оценка на обвинителниот акт за предметот кој се однесува за организаторите за насилствата во Собранието кои се случија на 27 април 2017 година.

Во ова обвинение опфатени се поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ Миле Јанакиески, Спиро Ристески, Трајко Велјановски и Владимир Атанасовски, екс директор на УБК. Неговиот адвокат Јордан Апостолски рече дека побарал овој предмет да го води меѓународниот суд во Хаг бидејќи според него судовите во Грција, Шведска и Унгарија донеле одлуки дека во Македонија нема услови за фер судење.

Тие исто така бараат изземање на една од судијките која предходно постапувала по некој предмет поврзан со 27 април.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ