Адвокати ги оспоруваат истрагите на СЈО и обвинението за „Талир“ пред Врховниот суд

Дали СЈО смее да отвора истраги и да подигнува обвиненија по рокот од 18 месеци од преземање на бомбите, кој истече пред година и половина?  Врховниот суд  треба да донесе став за ова прашање кое го иницирал адвокатот Еленко Миланов, кој застапува повеќе обвинети и осомничени од СЈО. Од Врховен со соопштение потврдија дека на 30-ти јануари на општа седница ќе се разгледуваат иницијативи на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов за донесување на начелно правно мислење, но не откриваат на што се однесуваат иницијативите.

Адвокатот Миланов вели поднел до највиоскиот суд во декември минатата година по поднесените обвиненија за „Талир“ ,со кои се обивнуваат неговите клинети Миле Јанакиевски и Кирил Божиновски. Смета дека СЈО не смее до сега да покренува истраги по 30 јуни 2017 и за ова се повикува на членот 22 од Законот за СЈО каде стои дека може да покренуваат обвиненија во период не подолг од 18 месеци од денот на превземањето на предметите и материјалите.

Обајснувањето на СЈО изминатиот период беше дека истрагите се покренати законски односно дека рокот од 18 месеци почнувал да тече од моментот кога ги преземале предметите од државното обвинителство а не од моментот кога ги преземале бомбите.

По јули 2017 СЈО отвори 18 истраги и подигна 2 обвиненија за Талир за ВМРО-ДПМНЕ. Има и десетици предистраги меѓу кои и за „Скопје 2014“.  Во повеќе истраги осомничени се Никола Груевски и Миле Јанакиевски. Во „Попис“ е и Али Ахмети, во „Империја“ Мијалков, Камчев и др, „Моќник“ е за Антонио Милошоски, во „Пациент“ е и Бујар Османи, а се уште отворени се истрагите за „Друмарина“, „Ренген“, „Подарок“, „Лидери“, „Актор“, „Пропаганда“ и други, каде осомничени се Бонева, Тодоров, Ставрески и др. Дали со начелно мислење на Врховен може да се спасат редица функционери на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за кои се водат истраги. Поранешниот претседател на врховен Дане Илиев вели прво Врховниот суд да оцени дали има потреба од носење на такво мислење. Начелното правно мислење обврзани се да го почитуваат само врховните судии но во пракса го почитуваат и судиите одп ониските судови, вели Илиев.

Како атак врз новоотврените истраги на СЈО јавноста ја протолкува и информацијата дека пратеници барале во новиот закон за СЈО да се вметне одредба со која ова обвинителство повеќе нема да може да ги користи бомбите како докази, туку само како индиции.

Инаку и  други адвокати кои бранат обвинети од СЈО велат поднеле иницијатива до врховен за правни мислења поврзани со постапките на СЈО. Адвокатот Димитар Дангов потврди дека поднел 5 иницијативи. Пред речиси две години имаше неуспешен обид Врховен да одлучи за тоа дали „бомбите“ можат да бидат докази во постапките на СЈО.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ