Административците ќе полагаат тестови

Административците и натаму ќе полагаат психолошки тест и тест за интегритет а треба да поседуваат и меѓународно признати сертификати за познавање странски јазик.Иако пред неколку месеци беше најавено дека овие услови за вработување ќе се укинат неизвесно е кога тоа ќе се реализира.

Дури и на последиот оглас во кој се бараат 69 директори и 25 заменици на управи, бироа, дирекции и инспекторати наведено е дека кандидатите треба да ги имаат положено тестовите и да достават документ за познавање англиски јазик не постар од 6 месеци или сертификат АПТИС.

Од министерството за информатичко општество велат дека Законот за административни службеници е донесен но тој треба да се усогласи со голем број закони. Се додека Собранието тоа не го стори, идните административци ќе се вработуваат според постоечкиот закон.

Манчевски останува на ставот дека измените на Законот за административни службеници ќе овозможи напредување во кариерата кај оние кои години наназад немале можност за унапредување а ги поседуваат потребните компетенции, вештини и работно искуство за одредена позиција.

На укинувањето на критериумите реагираше ВМРО-ДПМНЕ оценувајќи го ваквиот потег како девалвација и партизација на институциите.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ