Аријан Адеми во Динамо од Загреб уште пет години

И покрај тоа што имаше најави дека ќе ја промени средината, сепак, тоа не се случи откако Аријан Адеми реши да го обнови договорот со Динамо од Загреб со кого ја продолжи соработката на нови пет години.

Македонскиот репрезентативец воопшто не се двоумел за одлуката каде ќе ја продолжи кариереата бидејќи хрватскиот клуб застана зад него кога му беше најтешко во деновите кога ја отслужуваше суспензијата поради допинг.

Повеќе клубови ова лето беа заинтересирани да го доведат во своите редови капитенот на Динамо а најсериозна беше понудата на француски Лил.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ