АД Топлификација обвинува за организиран грабеж со стечајот на ТЕ ТО

АД Топлификација обвинува за организиран грабеж кој се прави во соработка со државни институции во случајот со АД Те То.Директорот Димитар Хаџимишев го обвини Апелациониот суд дека со потврдување на одлуката за стечај на централата го крши законот .Целта на лажниот стечај вели тој е да се направи отпис на долговите кон доверителите во висина од 152 мил евра од кои 30 мил евра е долгот кон Топлификација а 10 мил кон Комерцијална банка и турската компанија гама Гуч.Одлуката според него е скандалозна , веќе поднеле кривични пријави  со барање за времена мерка а случајот го истражува и финансовата полиција

  • Јасно е дека целиот лажен стечај, укажува на делување на организирана структура во која освен Те То се вклучени и др субјекти и државни институции…некој се дрзнува да ја поништи одлкуката на врховен суд и да оштети фирми за 40 мил евра и око не им трепнува,  вели Димитар Хаџимишев АД Топлификација Скопје

АД Те То ги отфрла обвинувањата на ТОплификација .Тврдат дека работат законски и дека постапуваат по одлуките ан надлежните институции

ТЕ-ТО АД Скопје ја изнесе пред надлежните институции целокупната документација и фактичка состојба и истата, согласно законите, беше прифатена, бидејќи аргументите беа евидентни. Една од засегнатите страни, во јавноста постојано изнесува тврдења кои не се засновани на факти, ниту се поткрепени со докази. Планот за реорганизација е изготвен според објективни критериуми, согласно сите законски процедури и предвидува рамноправен третман на сите доверители.         

АД Те То

Топлификација е сосптевник на 10,8 % од акциите ан Тето  а мнозински сопственик е Битар Холдингс лимитед  кој пак  е сопственик на Балккан Енерџи груп  фирмата која ги снабдува скопјани со топлинска ебергија.Хаџимишев вели дека постојат индиции дека Те то непазарно купувал природен гас од офшор компанија и продавал струја на дефинирана фирма надвор од земјава.Документите кои го потврдуваат ова се шокантни вели тој но истрагата ќе покаже дали таквата постапка била на штета на корисниците на парно греење.

 

Виолета Зајкова Стојановска

 

https://youtu.be/RaJHKXoFs2M

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ