АД Макпетрол предупредува за лажен фејсбук профил и лажна наградна игра

Името и логото на компанијата Макпетрол е злоупотребено, информираат од компанијата. Станува збор за фејсбук страната со име „Макпетрол ултра“ на која има објавено наградна игра, која од компнаијата Макпетрол АД оопштуваат дека воопшто не е во нивна организација и претставува ширење на лажни информации, односно доведување на потрошувачите во заблуда.

Затоа, фејсбук страната со име „Макпетрол Ултра“  не треба да ја прифатите како релевантен извор на информации поврзани со Макпетрол АД, информираат од компанијата, од каде додаваат дека јавноста може да ги следи информациите на нивните официјални интернет канали, веб страните makpetrol.com.mk и verna.mk, како и твитер профилот „MakpetrolUltra“ преку кои потрошувачите ќе може да се информираат за најновите производи, акции, поволности, како и за официјалната наградна игра „Верна повторно наградува“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ