Мицкоски: Дескоска ги минира преговорите. Дескоска: Мицкоски сака амнестија

СЈО брои ситно, а обвинувањата мегу опозицијата и власта за законот за јавно обвинителство продолжуваат. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски ја посочи министерката за правда Дескоска како главна пречка поради која до сега не се постигнал договор за овој клучен реформски закон а за планот Б рече дека е во услуга на неправдата. Таа му одговори вината да ја лоцира во сопствениот двор и дека амнестија нема да има.

– Јас навистина жалам што министерката за правда на моменти се претвора во министер за неправда и човек толку полн со омраза и гнев кон ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата јас не сум сретнал досега дури и да бил тоа висок претставник или активист од редовите на СДСМ, што во секој поглед гледа да ги минира преговорите конкретно за законот за јавно обвинителство и практично таа е основната пречка што можеби досега тие преговори не завршија, рече Мицкоски

-Неговата денешна изјава е крик на немоќ, крик на фрустрација дека вистинската намера на нивните позиции во однос на Законот за јавно обвинителство е разобличена и дека барања за заштита на криминалот и амнестија на криминалците нема да поминат. г. Мицкоски, размислете добро уште еднаш дали вреди интересите на Вашиот лидер зад сцената да ги ставате пред интересите на граѓаните, пред исполнување на нивната потреба за правда и правичност и желбата за евроинтеграција! Времето истекува. На Вас останува каква улога ќе одиграте – улога на лидер или улога на марионета, напиша Дескоска.

И вицепремиерот Бујар Османи кадар на ДУИ говори за црвени линии но смета и дека има и простор за компромис. Во интервјуто за радислободна европа  вели дека е оптимист  оценува дека разликите меѓу главните политички партии од македонскиот блок не се ненадминливи.

Лидерот на опозицијата пак не сакаше да открие дали е оптимист остава работните групи да продолжат со преговорите . Дали од некоја позиција во преговорите ќе отстапат за да се постигне договор Мицковски вели компромис со правото нема да има. Законот за јавно обвинителство е и на утрешниот дневен ред на собраниската законодавна правна комисија а паралелно има најави дека и неделава ке продолжат разговорите.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ