Заев: Разговорот на Азири од „Монструм“ и Бејта е за субвенции

Премиерот Зоран Заев вели дека ќе сведочи за случајот „Монструм“ доколку судот побара од него, и ке каже се што знае. Уверува дека сите прислушувани разговори што ги поседувал ги предал на СЈО. Тој вели дека не сака да биде ниту истражител ниту обивнител туку низ судски постапки судовите да се донесат одлуки.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ велат, срамен и недостоен е начинот на кој што денеска Зоран Заев повторно си поигра со трагедиите на семејствата на петмината егзекутирани кај Смилковското езеро.

Родителите на убиените момчиња на последното рочиштем побараа претрес во СДСМ и стражарно приведување на Заев во судот за да ги објави телефонските снимки за „Монструм“ и да одговори кои фунцкионери од ДУИ се поврзани со случајот.

Случајот Монструм се споменува и во вчера објавениот извештај за човекови права на Стејт Департментот за 2017. Пишува дека одбраната во Монстурм и но и бранителите од Диво Насеље реагирале дека голем дел од рочиштата се одржале зад затворени врати.

Во извештајот се констатира како проблематична селективноста и недостигот од транспарентност на судовите кога одлучлуваат за притвори. Според објавените статистики Кривичниот суд прифатил 80 проценти од барањата за притвор на Обвнителстото за организиран криминал а одбил 89 проценти од барањата на СЈО.

Судот дозволи осомничени од висок профил да избегнат судско гонење стои во извештајот каде конкретно се наведуваат случаите со бегалцци од УБК Грујевкси и Бошковски, обвинети во Тврдина Таргет но и постпаувањето на највисокит суд во случајот со бегствто на бизнисменот Сеад Кочан.

Во извештјаот се споменуваат и В.д. претседателите на Кривичниот суд, Татјана Михајлова и Стојанче Рибарев, околу трансфери на судии од еден во друг оддел со цел за да се опструира работата на СЈО.

Стејт Департментот го анализира и насилниот упад во собранието на 27 април, постпаувањето полицајците кои им помагале на демонстрантите а пишува и за приведувањето на 36 мина осоничени и за реакциите околу имунитето на пратениците.

Стејт Департметот пренесува и делови од извештајот на Прибе според кој, судиите, веруваат дека можат да напредуваат само оние што носат одлуки во корист на власта. Судството не покажа независност и непристрасност, а судиите се предмет на политичко влијание и корупција, е еден од зкалучоците во извештајот за 2017 година.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ