Ниска соработка на домашните со странските фирми

Ниското ниво на соработка на домашните компании со фабриките во ТИРЗ зоните е резултат на недостигот на соодветна технологија, непочитување на стандардите и времето на испорака како и начинот на плаќање .Анкетата направена од страна на Машинскиот факултет покажува дека домашните компании многу малку се ангажирани како добавувачи на фирмите во ТИРЗ зоните бидејки или не се обиделе или имале неуспешен обид за соработка, а само мал број соработуваат веќе извесен период.

„Не можеме да останеме само на близината или евтината работна сила, тие не се доволни за да се обезбеди соодветна цена за нашите производи, дел од нив остануваат неконкурентни“, кажа професорот Роберт Миновски од Машински факултет.

Моменталната соработка меѓу домашните компании, странските иневститори и образовните инеституции е како како движење на три воза рече деканот Дарко Данев. Домашните фирми се значајна алка во синџирот на снабдување, но таа изгледа далеку послаба во однос на потребите на странските инвеститори.

„Изгледа како да имаме три воза, што возат на различни колосеци и со различна брзина. Во средина се СДИ, па се што ќе договориме или е со помал капацитет или нештата не се одвиваат како што требало“, кажа професор Дарко Данев од Машински факултет.

Вратите на странските инвеститори се отворени за соработка, треба само да се излезе и да се понуди квалитет и нешто што другите го немаат, вели претседателот на Советот на странски инветситори Штефан Петер.

„Не очекувајте дека соработката ќе дојде кај вас, дека ќе ви тропне на врата во канцеларија. Тоа нема да се случи. Мора да излезете надвор, да разговарате, давајте ги своите услиги и производи, рекламирајте ги. Нема кус пат за влегување во ланецот на набавки за странските инвеститори, туку само директна комуникација, кажа Штефан Петер од Советот на странски инвеститори.

Соработката меѓу компаниите сега е на ниво под 1 %, но Владата очекува подобрување со доаѓање на нови инвеститори кои се инсистира да произведуваат готов производ, а не да бидат добавувачи на други големи компании. Расчекорот помеѓу понудата на работници и тоа што го бараат компаниите, рече вицепремоиерот Анѓушев, треба да се решава со брзи мерки и стратешка промена на образовниот систем.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ