
Шекеринска: Mожно е годинава да ја добиеме поканата на НАТО
Ние не можеме да станеме членка, но можно е годинава да ја добиеме поканата на НАТО, изјави министерката за одбрана, Rадмила Шеќеринска, на брифинг со новинарите.
„Ни претстои непредвидлив период затоа што само еден дел од работите зависат од Македонија. Последните изјави на грчките функционери не се изненадувачки затоа што уште минатата година велеа дека членството во ЕУ не е проблем, туку проблем е членството во НАТО“, рече Шекеринска.
Вакви зборови, односно ставот „да“ за ЕУ, „не“ за НАТО, се слушаат и од Москва, рече Шеќеринска.
„Ние сме фокусирани да најдеме решение за името до самитот на НАТО во јуни, затоа што секое одложување може да ја смени ситуацијата на теренот“, додаде министерката.
Во насока на барање на поддршка за членство во НАТО, министерката за одбрана, од 26 април до 2 мај ќе биде во официјална посета на САД, каде ќе има средба со државниот секретар за одбрана, Џејмс Матис.