
Нови рочишта за предметите „Тенк“ и „Топлик“ во Кривичен суд
Во Кривичниот суд за денеска се закажани две нови рочишта за предмети кои ги води на СЈО „Тенк“ и „Топлик“.
Случајот „Тенк“ се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Таму се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.
На претходното рочиште одржано пред два дена, судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“. Ова е на барање на СЈО на што се противеше одбраната на Груевски и Поповски, бидејќи според нив Јанкулоска е важна и за нивната одбрана. Сепак судот донесе решение постапките да се одвојат.
Во „Топлик“ пак се осомничени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште петмина за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште. Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил комисија на која и наложил да избере понудувач за купување на државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа..