Можна средба на Димитров и Коѕијас во Виена на 25 април

Нова средба во Виена на шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Нимиц, ќе се одржи следната недела, на 25 април објавија дел од грчките медиуми.

Датумот се споменува во новинарските кругови во Грција, но без да има официјална потврда или демант. Грчкиот информативен портал Ин, пишува дека новата средба се планира под голема тајност, но индиректно ја поврзува и со изјавата на Коѕијас за радиото 247 дека не може да се постигне договор до јулскиот НАТО самит.

Она што официјално се знае дека Никола Димитров и Никос Коѕијас, по нивната средба во Охрид минатиот четврток, ќе се сретнат и на две конференции во Грција, едната на 3 и 4 мај во Солун, другата една недела подоцна во Сунио.

Дали во меѓувреме ќе има уште една априлска средба за сега не е потврдено.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ