
ЕК: Судските реформи бараат време, но и промена на однесувањето
Одредено ниво на подготвеност. Ова е генералниот заклучок за правосудството во извештајот на ЕК. Најголем напредок е забележан во делот на усвојувањето на судските реформи и стратегијата. Сепак во извештајот се потенцира дека „Имплементирање на реформите бара време, но и промена на однесувањето“. Како позитивен чекор за незавоснота на судството ЕК го потенцира укинување на законот за одмерување на казните.
„Потребни се понатамошни напори да се сменат ефектите од минатиот период и да се гарантира целосна независност на судството во пракса. Останува ризикот од политичко мешање во судството. Особено важно е судскиот совет ефикасно да ја исполни својата задача за заштита на судската независност и да ги заштити судиите од несакани надворешни и внатрешни притисоци“, се вели во извештајот.
Извештајот ја одсликува реалноста состојба, смета Мирослав Драганов од од Институтот за човекови права.
Во извештајот се нотира и дека последните месеци има промена на однесувањето на Кривичниот суд во однос на Специјалното обвинителство кое претходно се соочувало со отпор. Во однос на извештајот за АКМИС-от стои дека доколку се утврдат манипулации треба да се преземат правни мерки. ЕК констатира дека имало и недостатоци во транспарентноста, процедурите и квалификуваноста при назначување на некои претседатели на судови, но и дека изборот на судии и обвинители не секогаш бил според системот на заслуги. Се очекува со новите законски решенија да се внесе квалитативниот критериум. Во однос на буџетот за судството, ЕК забележува дека е доста понизок од европскиот просек.
Елена Ивановска Мукоска