Могерини: Следното ниво од играта е одржување и имплементација на реформите

Со идентична порака која jа упати вчера, дека Македонија заврши едно ниво од играта и дека сега треба да се освои следното, а тоа е одржување и продлабочување на реформите кои ја вратија земјата на европскиот пат, Високата претставничка за надворшена политика Федерика Могерини им се обрати денеска и на пратениците. Могерини притоа потенцираше дека сега не е доволно само да се носат закони, туку тие и да се спроведуваат. Рече играта не е завршена и има многу работи кои се уште не се завршени.

„Следното ниво од видео-играта е спроведување на реформите кои што започнавте да ги усвојувате. Постојата два магични збора во препораката која ја усвоивме во Стразбур: одржување и продлабочување на реформите кои што почнавте да ги усвојувате. Што значи дека одличен е текот на дејствување, продолжете, одржете ги и продлабочете ги реформите, не само преку законодавтство, туку и преку спроведување“,изјава Могерини.

Могерини заслугата за постигнатото ја подели меѓу власта и опозицијата. Могерини на пратениците и од владеачкотот мнозинство и од опозицијата им порача дека тие сега имаат одговорност да се обединат за идните чекори кои треба да се преземат.

„Ја споделувате обврската за иднината на своите граѓани. Владата ја има одговорноста да го отвори простор  за целосна вклученост на опозицијата за целокупна вклученост, а опозицијата има одговорност да се вклучи и да придонесе конструктивно кон оваа работа. А колективно заедно имате одговорснот во националните институции да ги идентификувате националните интереси на вашата земја “, им порача Могерини.

Могерини уотребувајќи метафори пренесе уште една порака од Собранието.

„Време е да почнеме да трчаме заедно, да трчате еден со друг, со вашите соседи и уверена сум дека така ќе стигнете далеку“, порача Могерини.

Таа ја пофали и земјата за постигнатиот напредок во билатерланите односи, нарекувајќи го договорот со Бугарија историски чекор, а го повтори своето уверување дека ќе се постигне решение околу името со Грција кое ќе ги задоволи двете страни.

Обраќањето на Високата претставничка на ЕУ во Собранието го следеа и претставници на дипломатскиот кор, начелникот на ГШ, претседателот на Врховниот суд, Народниот правобранител, поглавари на верските заедници. На обраќањето на Могерини не присуствуваше претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ