
Гаши: Премиерот да избере меѓу двете крила на БЕСА
Премиерот треба да избере помеѓу двете крила на БЕСА, тој го има последниот збор за тоа кој ќе стане дел од власта. Не му треба нашите внатрешни проблеми да влезат во Владата, изјави претседателот на едното крило на БЕСА, Африм Гаши, велејќи дека тие самите се на чекор до тоа. Тврди дека досега немале разговори со Заев за преземање на Министерството за правда доколку влезат во власта, но вели дека партијата има кадри за сите институции. Наводно, на неколкуте средби што ги имале, воопшто и не станало забор за ресорот што би го добиле.
Лидерот на ДУИ, пак негира дека последниот збор за влезот на опозициски партии во власта го има само премиерот.
Завчера и Касами имаше средба со премиерот, по што од партијата брифираа дека токму тие ќе бидат новиот владин партнер и дека има подготвеност да добијат едно министерско место, но тоа допрва ќе се договара. Гаши го предводи крилото на БЕСА во кое се и пратениците Неџбедин Каремани и Реџеп Мемеди, додека крилото на Билал Касами има двајца пратеници, Фадиљ Зендели и Теута Биљали.
Далиборка Дамјанска Цветановска