
Дебитантот Ростов Дон противник на ЖРК Вардар во полуфиналето на Ф4
ЖРК Вардар го доби руски Ростов Дон за противник во полуфиналето од Лигата на шампионите на Ф4 турнирот во Будимпешта.
Во другото полуфинале ќе се сретнат актуелниот првак Ѓер и ЧСМ Букурешт.
„Црвено-црните“ со Ростов Дон, кој е дибатант на завршницата, имаат одиграно само еден натпревар и тоа во битката за трофејот на меѓународниот турнир чиј домаќин беше Вардар. Русинките победија со 33:26.
Завршниот Ф4 турнир ќе се игра во арената „Ласло Пап“ во Будимпешта, на 12-ти и 13-ти мај. Термините за саботните полуфиналиња се 15:15 и 18:.00 часот, но дополнително ќе биде одредено кој меч кога ќе се игра.
Двојки полуфинале:
Ростов Дон – ЖРК Вардар
ЧСМ Букурешт – Ѓер