Одложена расправата за Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги

77 Амандмани ќе бидат поднесени за Законот за аудио и аудиовизулени медиумски услуги. Поради неусогласени ставови и немањето услови, законодавнао правната комисија ја одложи расправата за законите. Работните групи на партиите деновиве ќе разговараат за спорните точки кои се однесуваат на законот кој е дел од пакетот реформски закони направени по препораките на Прибе, со цел да се обезбеди независен, ефикасен и транспарентен радиодифузен сервис и отчетно регулаторно тело.

Најголем број амандмани ќе поднесе ВМРО-ДПМНЕ, дури 63. Ќе побараат концесија за медиум да не се доделува со мислење на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, туку тоа да му се даде на оној кој има можност, финасиски средства и услови. Амандмански ќе интервенираат и во делот на изборот на членови на Програмскиот совет и на Агенцијата за медиуми.

СДСМ ќе поднесат 12 амандмани а ДУИ 2. Покрај двотертинско мнозинство, ДУИ ќе бара членовите на советите да се бираат и со бадентерово мнозинство.

За законите ќе се расправа во понеделник на собраниската комисија за транспорт и врски.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ