Арбитражата да ја користат не само приватните фирми, туку и државните компании и општините

Не само домашните и странските инвеститори што работат во земјава, туку и државните компании и општините да почнат да ја коприостат арбитражата во своите тендери, наместо да одат по судови, така ќе заштедат и време и пари, апелираат од Постојаниот суд Арбитража при Стопанската комора на Македонија.

„Воедно, ова е и повик до државните компании, и до општините, исто и тие да ја стават арбитражната клаузула кога работат на тендери, бидејќи со сигурност спорот ќе им виде решен. Хрватската арбитража на пример, ги решава скоро сите спорови, од градење на патишта, до комплетна инфраструктура и слично“, вели Горан Рафајловски, претседател на Постојниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија.

Арбитражата е еден од најдобрите и најбрзите начини за решавање на стопанските спорови. Листата на судии таму е составена од еминентни адвокати или универзитетски професори кои ја познаваат проблематиката, што гарантира многу поголема доверба од онаа во калсичниот сусдски систем. Компаниите во овие постапки се сигурни дека никој не може да изврши влијание врз судиите, што значи дека пресудите ќе бидат објективни и во согласност со законите. Најниската тарифа за користење на Арбитражата е 220 евра, но Рафајловски тврди дека ќе им донесе многу поголеми заштеди на фирмите.

„На крајот, целата сметка испаѓа многу пониска отколку при редовните судови, а за времетраењето не сакам ни да зборувам, бидејќи просекот на еден спор е преку 3,5 години, а овде просекот е 7 месеци, па сега направете споредба, нешто да ви се влече 3,5 години и нешто да се реши за 7 месеци, каква е добивката на компаниите, и од бизнис аспект комплетно“, вели Рафајловски.

Фирмите во земјава се уште недоволно ја користат арбитражата, годишно во просек до 10 спорови, иако во последниов период има пораст, особено од странските компании што работат тука, а се очекува тој број и натаму да се зголемува.

Компаниите, сепак, треба да знаат дека кога споровите ги решаваат преку Арбитража, нема право на повторување на постапката или право на жалба, што значи дека решението што ќе се донесе, е извршно.

Од Комората со апел и до адвокатите дека Арбитражата е најдобриот начин да ја покажат својата стручност, и притоа да не невлегуваат во лавиринитите како што знаат за да ја одолговлекуваат постапката, туку да ги решаваат споровиоте за исклучително краток период.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ