По киксот на Јунајтед, Сити нов шампион на Англија

Манчестер Сити и официјално е новиот англиски шампион, откако Вест Бромвич, кој беше последен на табелата на Премиер Лигата, сензационално го победи Манчестер Јунајтед со 1:0 на „Олд Трафорд“ во рамки на 34. коло.

Џеј Родригез го постигна единствениот гол во 73. минута.

„Граѓаните“ имаат водство од 16 поени пред „црвените ѓаволи“, а двете екипи имаат по пет натпревари до крајот на првенството.

Ова е трета титула за Манчестер Сити во последните седум сезони и прва за тимот под раководство на Пеп Гвардиола.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ