Миновски: АД ЕЛЕМ додаде уште еден услов за да обезбеди уште поголема конкурентност

Директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека во времето кога бил директор на ЕЛЕМ, склучувал договори во четири очи.

За овие договори се прави внатрешна и надворешна  ревизија, а Миновски најави дека резултатите допрва ќе се видат. Тој одговори и на други прозивки од лидерот на опозицијата, и го повтори ставот дека тендерската документација за ископ на јаглен во РЕК Битола, била сменета заради поголема конкуренција, но и за да не се повтори Трансмет, кој доби тендер за ископ, а по три месеци се откажа бидејќи не беше технички способен да го врши ископот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ