Буџетската дупка засега ќе ги замрзне платите во образованието

Платите во образованието засега остануваат исти. Професорите и нивните соработници ќе чекаат првин да се пополни буџетската дупка од 5 милиони евра, која, според министерката за образование, е оставена од претходната влада. За Дескоска не се прифатливи амандманите на ВМРО ДПМНЕ, поднесени на Законот за високо образование, со кои се бара покачување на коефициентот за плата на наставниот и соработничкиот кадар на Универзитетите.

Од ВМРО ДПМНЕ, кои поднесоа 17 амандмани, сметаат дека, со зголемувањето на коефициентот ќе се подобри стандардот и атрактивноста на наставниот кадар.

Поради долговите, Дескоска ја стави под знак прашалник и изградбата на студентскиот град, што беше ветен од актуелната влада, а засега се планира само реновирање на студентскиот дом „Стив Наумов„ и завршување на реновирањето на крилото во „Гоце Делчев„. Најави дека државата ќе ги плаќа и комуналните трошоци на сите  факултети, за да нема проблеми со греењето како досега. Амандманите на ВМРО ДПМНЕ ги нарече неразбирливи,  технички неисправни и неприфатливи.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ