
Османи ќе го презентира планот 3-6-9
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ќе го презентира статусот на имплементацијата на планот 3-6-9.
Презентацијата е во пресрет на објавувањето на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на евроинтегративниот пат на 17 април.
Напредокот во имплементацијата на планот 3-6-9 Османи вчера во Брисел го презентира пред високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.
Османи од Брисел порача дека Македонија ќе продолжи со реформите и по извештајот на ЕК.