Постигнат е напредок во разговорите за спорот со името

Постигнат е напредок во разговорите за спорот со името, објавија министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас по нивната средба во Охрид. Тие се наоѓаат на половина пат, но останува да се изоди потешкиот дел, кој според дипломатски извори е решение за името и опсегот на неговата употреба. Но тие меѓусебно се поврзани, а она што за прв пат е ставено на преговарачката маса е временска рамка во која ќе се имплементира  решението на спорот.

„За дел има напредок бидејќи се созреани, за дел и натаму има разлики За прв пат разговараме за временска рамка како ќе се имплементира“, кажа Никола Димитров.

Позитивен чекор од оваа рунда преговори е што работните групи на дипломати од грчкото и македонското МНР во Охрид го усогласиле текстот на документот за соработка во разни области. За прв пат и Димитров и Коѕијас кажаа дека се разговара за иредентизмот.

„Забележуваме напредок, посебна рамка за заедничка соработка и за тешки прашања како иредентизмот“, кажа Никос Коѕијас.

Министерот Димитров појасни дека се разговара за иредентизам од двете страни и од макеоднска и од грчка, што ги збуни грчките грчккте новинари бидејќи досега пишуваа само за македонски иредентизам.

„Работните групи работеа и на текст за спречување на иредентизам од двете страни. Исто така се договара и за преамбуларни параграфи од идниот билатерален Договор“, додаде Димитров.

Министрите Димитров и Коѕијас не открија повеќе детали ниту за овој договор, ниту за временската рамка. Неофицијално, ако се постигне решение тоа ќе се спроведува во фази и од македонска и од грчка страна и ќе биде поврзано со членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Сања Васиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ