Судењето за „Титаник“ и во втор обид не почна

„Титаник“ – за изборните нерегуларности против поранешното раководство на ВМРО – ДПМНЕ и во вториот обид не почна. Одбраната на експремиерот Груевски и во овој предмет побара изземање на судиите. Причината е изјава на специјалната обвинителка Катица Јанева дека има прислушкивани разговори на судии, а не им одговорила дали судиите од овој предмет Осман Шабани и Огнен Ставрев биле прислушкувани.

Но, освен за нив побараа изземање и за раководството на Кривичниот суд и Апелација. По ова судиите најавија дека барањето за изземање ќе го пратат кај повисокиот суд на понатамошно одлучување а судењето се одложи за 26 ти април.

Сепак попладнево судењето на Заев беше во топ вестите на агрегаторите за вести, Груевски и неговите соработници паднаа подоле. Претоходо адвокатите бараа изземање на 10 судиите од истите причини и во предметот ТНТ за уривањето на „Космос“ и за „Тенк“ за мерцедесот. Во првиот случај судиите иземањето го испратија пред повисоките судови, а во вториот случај го отфрлија барањето како недозволено, со образложение дека барање за изземање на претседател на суд не може да се поднесе, освен кога тој постапува како судија.

За утре е закажано продолжението на „ТНТ“, но барањето за изземање дури вчера поплладне стасало во Врховниот суд од каде го вратиле во Кривичен.

„Бидејќи предметот не е комплетен, денес е доставно писмо до Основниот суд Скопје 1 Скопје со барање истиот да се докомплетира. Кога ќе биде комплетиран предметот ќе се одлучи по барањето за изземање во постапка согласно Закон“, соопштија од Врховен суд.

Дали и во останатите два предмети предмети против него  против него ќе бараат изземање на судиите Груевски вели тоа одлчувале адвокатите. Тие пак во судница приговараа дека камерите со кои се снима рочиштето не ја има во кадар цела судница и сите присутни и дека снимката нема да билде целосна.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ