
Средба Димитров – Коѕијас во Охрид
Шефовите на дипломатиите на на Македонија и Грција денеска по завршувањето на претпладневната сесија разговори за името, излегоа со оптимистични изјави дека дел од отворените прашања се решени.
Никос Коѕијас истакна дека сепак остануваат за решавање најтешките теми. Тој нагласи дека со неговиот македонски колега ќе има наскоро нова средба во Солун на 3-4 мај.
„Разговор без надмудрување“, вака ја нарече денешната средба во Охрид, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров. Тој рече дека дел од прашањата се решени но, разликите остануваат. И работните групи на грчкото и македонското министерство постигнале напредок на денешниот состанок кој се одвиваше паралелно со средбата на министрите.
И двајцата дипломати истакнаа дека е постигната одредена временска рамка во која ќе се одвуваат следните средби.