Продолжува судењето за „Поткуп“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Поткуп“,  во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.

На претходното рочиште што траеше шест и пол часа, беше сослушан струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, како сведок во овој случај.

Сачевалиев рече дека снимката од предистражните мерките не била целосна и посочи дека откако му ја монтирале опремата за снимање на него, го наведувал Заев да го каже тоа што е прикажано на снимката.

Тој на почетокот на рочиштето тврдеше дека Заев му побарал поткуп но, подоцна кажа и дека не дал ниту евро на семејството Заеви.

Зоран Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица од Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ