
Ѓорчев-Анѓушев за Фени
Бројни критики за економската политика упати опозицијата на интерпелацијата на владата. Пратеникот Влатко Ѓорчев рече дека не се испорачуваат никакви резултати, не е отворена ниту една фабрика ниту пак се прават нови патишта. Вицепремиерот Анѓушев го посочи примерот со кавадаречки Фени која замина во стечај, но од први март успешно работи, работниците земаат плата, а доверителите се обештетени. Но, јавноста рече тој треба да знае како комбинатот замина во стечај.
„Не е отворена ни една фабрика. Фени е затворен, Југохром рековте ќе почнел од јуни. Ќе го отворите ли? Еден метар асфалт немате ставено, пуштате пат што е готов пред една година, а абер немате за правење нови“, кажа Ѓорчев.
„Фени работи, а работниците земаат плата. Треба да се знае како фабриката отиде во стечај. Овие документи покажуваат дека 51 мил евра биле простени. УЈП тоа не го проверила“, реплицираше Анѓушев.