Данев: ВМРО-ДПМНЕ се враќа со полн капацитет во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ се враќа со полн капацитете во работата на Собранието, изјави вечерва во Топ Тема на Ваша страна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драги Данев. Тој притоа на прашањето дали поранешниот лидер на партијата, Никола Груевски, ќе се појави на гласањето за доверба на владата, одговори: „Мислам дека Груевски вечерва ќе биде во Собранието, ако има услови да биде“.

Данев во Топ Тема на Ваша страна ги спротивстави ставовите за поднесеното барање од опозицијата за гласање на доверба на владата на Заев со координаторот на СДСМ во Собранието, Томислав Тунтев, кој рече дека образложението на ВМРО-ДПМНЕ за интерпелацијата изобилува со многу невистинити констатации. Притоа тој рече дека ја разбира позицијата во која се наоѓа ВМРО-ДПМНЕ, но оти е разочаран од нивната постапка.

„И ние сме биле опозиција која бојкотирала работа на Собрание и знаеме како им било тогаш како позиција. Но со бојкот нема развој на парламентарната демократија. Мало разочарување ми е што се решија да се вратат со интерпелација по само 10 месеци од оваа влада, што е краток период“, рече Тунтев, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи да бара гласање на доверба на владата ни еконосмки , ни технички.

Данев на тоа одговори дека 10 месеци не се малку за да се направи нешто.

„За 10 месеци можат да се направат многу нешта, тоа го покажа владата на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на својот мандат. Ова влада во изминатите 10 месеци прстот за неефективноста на администрацијата го вперува во вработените. За да ја видиме ефективноста на оваа власт мора да направиме компарација со прите 10 месеци од владеењето на ВМРО-ДМПНЕ, а ако сакате и со претходната влада на СДСМ“, вели Данев.

Двајцата координатори ги вкрстија ставовите околу економските параметри и достигнувања на владата на Заев и претходните на ВМРО-ДПМНЕ.

Тунтев притоа рече дека владите на ВМРО-ДПМНЕ за 10 години имале 25 милијарди евра буџет, а за инфраструктура потрошиле само 5 проценти, додека Данев рече дека СДСМ нема веќе кредибилитет да го критикувате ВМРО-ДПМНЕ за мегаломанските буџет, бидејќи првиот ребаланс на буџет владата на СДСМ го направила гломазен за што претходно го критикувала ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ