
Наместо на интерпелација, Груевски и денеска е на судење
Наместо на интерпелација, Груевски и денеска е на судење. Судeњето продолжи со изведување на материјални докази. Адвокатите бараат да се чита и содржината на доказите, поради што имаше повеќе приговори од одбраната. Вчера до доцна вечерта се слушаа 8-те таканаречени бомби кои СЈО ги предложи како докази за судењето со мерцедесот од над половина милион евра.
Дел од бомбите се веќе познати на јавноста, но можеа да се слушнат и други детали околу договарањето на набавката на возилото, меѓу обвинетите и други функционери.
Груeвски излезе со оценка дека ова е судско политичка хајка против него и неговите соработници, за случајот „Тенк“ тврди дека не може да биде обвиннет за само неколку возења со мерцедесот.