
Џафери: Ни викаат дека ќе не убијат, дека сме ја продале државата
Претседателот на Собранието Џафери министерот Манчевски и пратеникот Кирацовски сведочеа за директни закани и извици за убиство на Заев и Села, но и за хаотичната состојба во прес салата каде летале предмети и удари од сите страни. Манчевски видел 10-мина како удираат тело легнато на подот. Дека станува збор за Села разбрал дури откако групата прогласила негова смрт и се тргнале од крвавото тело
Некој од толпата извика дека Села е убиен и почнааа да слават. Откако прославија продолжија кон нас. Му рекоа на Заев дека тој е следен дека ќе го снајде истото. Правеа јамки од кабли како за бесење и ги фрлаа кон нас за да не дофатат, кажа Дамјан Манчевски.
Тројцата сведоци препознаа и дел од обвинетите кои биле во прес салата на собранието на 27-ми април. Толпата наликуваше на бесна ордак која имаше за цел да убие некого.
Не спаси нашата присебност, обезбедувањето на Спасовски и Заев и Господ сведочеше пратеникот Кирацовски кој раскажа дека пратеникот Влатко Горчев добил шлаканциа додека застанал во нивна одбрана. Кирацовски кажа и дека еден од обвинетите насилно го излекол Села од заштитената зона каде беа и другите пратеници.
Претседателот на собранието Џафери рече дека не го видел нападот на Села бидејќи бил заштитен со кордон од пратеници и обезбедување, а толпата од сите стани фрлала инвентар од салата. Слушнал извици – ќе ве убиеме сите, нема да излезете од тука, ја продадовте државата. Напаѓачите им рекле дека ќе мора да потпишат изјави дека гласањето не важи и дека нема да формираат Влада. Прашања поставуваше и адвокатот на Села.
Судењето продолжува на 16-ти април со сведочење на пратеници.
Елена Ивановска Мукоска